Slovensko | Deutsch | English | Hrvatski | Ungarn | Makedonsko | Češky | Pусско

ПРЕТСТАВУВАЊЕ

Електроматериал му припаѓа на самиот врв на производителите на електроинсталациски материјали во средна и југоисточна Европа. Повеќе од четири децении ги остваруваме своите стратешки цели следејќи ја својата определба, визии и деловни врдности.

Организација

 
Деловниот систем Електроматериал организиран е како холдинг. Него го сочинуваат матичното претпријатие Електроматериал Лендава ад, кое врши трговска и услужна дејност со делот "Алатница Електроматериал" како и три фирми ќерки:
 
      • Електроматериал ИПО д.о.о., кој врши производна дејност,
      • Електроматериал д.о.о. Загреб, кој врши трговска дејност на хрватскиот пазар и
      • Електроматериал д.о.о.е.л. Скопје, кој врши трговска дејност на македонскиот пазар.

Активност

 
Основни активности на претпријатието Електроматериал се:
 
o    развој, производство и продажба на електроинсталациски материјали во кои се опфатени:
  • сите видови прекинувачи ( вградба под малтер, вградба над малтер, вградбени,                           регулациски,... ),
  • сите видови приклучници ( сигурносни, комуникациски, ... ),
  • грла за сијалици ( со жарено влакно, халогени, флуоресцентни, ... ) и
  • останати инсталациски материјали,
o    алатничарство; конструираме и изработуваме алати пред се за бризгање термопласт, пресување дуропласт, сечење и виткање лимови, а вршиме и други алатничарски услуги како што се:   
  • брусење,
  • острење,
  • еродирање со електрода,
  • еродирање со жица,
  • пробивање и др.,
o   производни услуги кои опфаќаат преработка на пластични материјали, сечење и виткање на метални материјали и составување односно монтажа на полупроизводи во подсклопови и финални производи.
© Elektromaterial Lendava d.d. 2007. Izdelava spletnih strani Oblikovanje.com, 2007