Slovensko | Deutsch | English | Hrvatski | Ungarn | Makedonsko | Češky | Pусско

Електроматериал ИПО д.о.о.

 
Електроматериал ИПО д.о.о. е најмладо претпријатие во деловниот систем на Електроматериал, во кое во
2005 година матичното претпријатие Електроматериал ад го пренесе целокупното производство.
 
Основи во работењето на деловниот систем Електроматериал се:
 
  • развој, производство и продажба на електроинсталациски материјали,
  • изработка на алати,
  • одржување на производните постројки кои опфаќаат обработка на пластични материјали, сечење
    и обликување на метални делови, изработка и монтажа на полупроизводи во подсклопови и во финални производи.

Дејност

 
Основна дејност на претпријатието Електроматериал ИПО д.о.о. е производство на регулациски прекину-вачи ( димер ЕМ ИПО ) и одржување на производните линии. Особено добро ги владееме следните производни технологии:
 
  • бризгање на термопласт и дуропласт,
  • пресување на дуропласт,
  • монтажа, склопување на полупроизводи во подсклопови и потоа во финални производи
  • пакување и
  • логистика.
Освен производството на сопствен регулациски прекинувач, во Електроматериал ИПО вршиме производство на целокупниот електроинсталациски материјал за за матичното претпријатие Електроматериал ад, а изведуваме и бројни производни активности за надворешни нарачатели.
 
За квлитетно извршување на активностите располагаме со стручно оспособени работници како и со соодветна програмска и машинска опрема ( автомати за бризгање и пресување, ексцентар преси, специ- јални и повеќенаменски автомати за монтажа како и други разновидни помошни направи за работа ). Развојно технолошкиот оддел и алатницата во системот Електроматериал пружаат брза и квалитетна подршка.
 
За да го докажеме квалитетот и способноста за следење на поставените цели во развојот на фирмата како и очекувањата на нашите купувачи, напоредно со технолошкиот напредок акцентот го стававме на постојаните подобрувања, а со тоа го зголемувавме и квалитетот на нашата работа. Нашите залагања беа наградени со добивање на цертификатот за системот на управување по стандардот ISO 9001.

Грижа за околината

 
Целосната заштита на околината во континуитет е една од нашите основни задачи. Заштитата на околината е неизоставен дел од  деловната политика на деловниот систем. Заради тоа постојано се трудиме да ги смалиме штетните влијанија кон околината.
© Elektromaterial Lendava d.d. 2007. Izdelava spletnih strani Oblikovanje.com, 2007