![]() |
Развој и постојана грижа за квалитетотРазвојОрјентирани сме пред се кон развој на сопствени висококвалитетни производи. За
остварување и зголемување на квалитетот, кои ни овозможија продор и настап на развиените пазари, заедно
со производите ја развивавме технологијата на работењето. Заедно со остварувањето на складноста на нашите
производи кон барањата на меѓународните стандарди, големо внимание им посветивме на современите
материјали кои на околината и даваат пријатни и естетски привлечни производи. Севкупниот процес, испитување
и изработка оспособени сме да ги изведеме сами. Со таквиот начин на работа нашите производи се
ценети на пребирливиот па-зар на Европската унија, каде што го продаваме поголемиот
дел од нашите производи.
Со квалитетна програмска и машинска опрема и со стручно оспособени работници
самостојно ја конструираме и ја изработуваме целокупно потребната опрема ( алати и направи ) кои ги користиме
при работењето. Покрај тоа алатницата нуди свои решенија и услуги и на надворешни
купувачи.
КвалитетЕлектроматериал како производител произведува артикли кои според квалитетот,
функционалноста и сигурноста се со иста вредност како и производите на најпознатите
конкурентски светски фирми. Свесни сме дека квалитетот на нашите производи, алатничарските
и производните услуги, се темелот на конкурентноста и посредно на деловниот успех.
За да го докажеме квалитетот и способноста за следење на целите во развојот на
фирмата и очекувањата на нашите купувачи, напоредно со технолошкиот напредок акцентот
го стававме на постојаните подобру вања, а со тоа го зголемувавме квалитетот на
нашата работа. Нашите залагања беа наградени со добива њето на цертификатот за
системот на управување по стандардот ISO 9001.
|
||
