Slovensko | Deutsch | English | Hrvatski | Ungarn | Makedonsko | Češky | Pусско

Електроматериал - Визија, Определба, Вредности

Визија

Со истакнување на конкурентските предности, разновидна, обемна и модерна понуда на различни производи како и алатничарски и производствени услуги, постојаниот квалитет и брз одѕив, го потврдуваме местото на водечки производител на подрачјето на инсталациски прекинувачи и приклучници во Словенија. Исто така постојано ја развиваме и јакнеме трговската марка Електроматериал на европскиот и на останатите пазари каде што сме присутни.
Со развојот на различни производи, производни и алатничарски услуги, како и со ширење на делувањето на постоечките и на новите пазари, стануваме важен деловен партнер кој ќе биде глобално насочен, иновативен и деловно успешен.

Определба

Произведуваме и продаваме квалитетен електроинсталациски материјал, со акцент на инсталациските
прекинувачи и приклучници со меѓународни знаци за квалитет. Исто така нудиме поволни, стручни,
квалитетни и брзи алатничарски и производни услуги на задоволство на нашите корисници.

Вредности

Електроматериал чувствува посебна одговорност кон купувачите односно корисниците на своите производи и услуги, работниците, добавувачите, сопствениците, кон претпријатието во целост и околината, ги почитува основните закони и морално етички начела како и строгите европски критериуми за квалитет и грижа за заштита на околината.
© Elektromaterial Lendava d.d. 2007. Izdelava spletnih strani Oblikovanje.com, 2007